(Видео) Бајден пак падна, па мораа тројца да му помогнат да стане

Американскиот претседател Џо Бајден и падна за време на церемонија на која ги даваше дипломите на академците на воздухопловните сили. Се сопна откако ја врачи последната диплома, па мораше тројца да му помогнат да стане и да го вратат на местото каде седеше.

Директорот за комуникации на Белата куќа ЛаБолт, на „Твитер“ потврди дека е добар.

„На сцената имаше вреќа со песок“, објасни тој.

Падот дојде откако Бајден го одржа почетниот говор во кој ги предупреди дипломците дека ќе стапат во служба во сè понестабилен свет, наведувајќи ги предизвиците од Русија и Кина.

За потсетување, ова не е негов прв пад. Минатата година падна од велосипед додека се обидуваше да се симне од него, а потоа се сопна во февруари годинава додека се качуваше по скалите на авионот на заминување од Варшава. Лекарите му направија физички преглед во февруари и го прогласија за здрав и способен за должност. Тој повторно ќе се кандидира за претседател во 2024 година.

Scroll to Top