(Видео) Денис Родман ја истетовира девојка му на лицето

Поранешниот НБА кошаркар Денис Родман ја тетовираше девојка му на лицето. Кошаркарот на образот направи тетоважа од ликот на раперката Јела Јел, а видеото го сподели тату мајсторот Ван Џонсон.

„Не направив ништо посебно денес. Се сокрив од жешкото и му ја истетовирав девојката на лицето на живата легенда“, рече Џонсон.

Јела рече дека тетоважата не била нејзина идеја, и дека сакала да го одврати Денис затоа што тоа не било нормално.

„Го прашав дали е сигурен дека сака да направи такво нешто“, објасни Јела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Van Johnson (@vanjohnsonofficial)

За потсетување, Родман има многу тетоважи и многумина мислат дека ова не е ни блиску до најлудата работа што ја направил. Кошаркарот еднаш тврдеше дека спиел со повеќе од 2.000 жени, меѓу кои и Мадона.

„Мадона ми се јави од Њујорк и ме покани да дојдам. Тогаш бев во Лас Вегас да се коцкам. Ми понуди 20 милиони долари ако ја забременам. Ми испрати авион да ме земе, а јас отидов до нејзината куќа, го направив тоа што требаше да го направам и се вратив во Лас Вегас“, рече Родман.

Scroll to Top