(Видео) Деветооделенци претепаа наставничка во школо во САД

Неколку ученици од деветто одделение претепале еден од своите наставници и помошен директор во средно школо во Тексас. Наставничката се здобила со тешки повреди на главата веднаш бил пренесена во болница. Станува збор за школото „Вестфилд“, во Спринг, град е на 30 километри од Хјустон.

Тие ја бутнале на земја додека се обидувала да прекине друга тепачка. Бруталниот напад се случил во четвртокот во школскиот центар за деветто одделение, во кое одат деца од 15 и 16 години. Инцидентот бил снимен и на безбедносните камери.

Таткото на претепаната жена рече дека ќерка му имала страшни болки во главата и дека ѝ било потребно да се направи скенирање. Други членови од школскиот персонал рекоа дека не се чувствуваат безбедни на работа и дека родителите на учениците би биле вознемирени, кога точно би знаеле колку е небезбедно во школото.

Еден од наставниците го опиша насилството во училиштето на Click 2 Houston.

„Ѝ скокнаа три или четири деца. Ја соборија и почнаа да ја удираат и влечат за коса. Таа ги сакаше децата. Беше најдобрата личност и најдобриот администратор што го имаме во средното училиште. Ова ми го скрши срцето. Ме тера да заплачам“, рекче наставничката која побара да остане анонимна.

Рече дека се плашела од одмазда. Додаде и дека чувствувала дека мора да проговори по шокантниот инцидент и нагласи дека членовите на персоналот не се чувствуваат безбедно во кампусот каде што има само двајца полицајци и речиси 3.000 студенти.

„Кога ќе се јавите за помош во канцеларијата, никој никогаш не се појавува. Не се чувствуваме безбедно. Кога родителите би знаеле колку е небезбедно училиштето и тие би биле вознемирени“, додаде таа.

Многу од луѓето се огласија на социјалните мрежи и се згрозија од инцидентот, а корисниците кои ја видоа снимката коментираа дека сцената е вознемирувачка. Некои дури коментираа дека учениците треба да се оценуваат како возрасни. Училиштето даде официјално соопштение по инцидентот.

„Тепачката настанала по расправија на двајца од студентите. Повреден е член на персоналот кој се обидел да интервенира и да ја прекине тепачката. Вработениот бил пренесен на лекување во блиската болница и е пуштен подоцна истата вечер. Мора да нагласиме дека вработениот никогаш не бил мета на расправијата, туку бил повреден како резултат на обид за деескалација на истата“, рекоа од училиштето.

Scroll to Top