(Видео) Девојка од Бања Лука во носија прослави матура и стана хит на социјалните мрежи

Миа Томиќ од Бања Лука е најпопуларата матурантка на социјалните мрежи поради нејзиниот стајлинг кој го одбрала за матура.

Миа за матурата вечер одлучила да облече народна традиционална носија, корсет и подвезици, а својот изглед го комплетирала со нагласена шминка и високи потпетици.

Кога таа го споделила својот стајлинг на Тик ток тоа предизвикало лавина од коментари и мислењата, кои биле поделени. Некои сметале дека ова не е соодветна матурска облека, додека други и честитаа што имала храброст да облече нешто поинакво.

„Ја врамивте националната носија. Срамно внимание“, „Јас сум воодушевен од твојот изглед за матура! Комбинацијата на стари српски носии со модерни додатоци е уникатна и ја истакнува вашата индивидуалност“, се дел од реакциите.

@nezovem Odgovori @nezovem ♬ Originalton – @𝑦𝑢𝑔𝑜.𝑙𝑦𝑟𝑖𝑐𝑠

Scroll to Top