(Видео) Дожд од црви заврна во Кина

Дожд од црви заврна во главниот град на Кина,Пекинг. Граѓаните се предупредени кога ќе излегуваат од дома да користат чадори.

На видео кое се појави на социјалните мрежи се гледа како паркираните автомобили се покриени со црви.

Експертите се уште немаат излезено со официјални информации за вакавата состојба во Пекинг, но затоа пак се шират најразлични теории на заговор. Едни сметаат дека тоа би можело да се цветови од топола, многу популарно дрво во областа што е полно со семиња и, кога цветовите паѓаат, често се мешаат со гасеници. Додека другата теорија е дека црвите почнале да паѓаат откако биле однесени од силни ветрови, теорија поддржана од научното списание „Мадар натурал нетворк“, кое објаснува дека овој вид на животински инцидент се случува по бура.

 

Scroll to Top