(Видео) Друштво за заштита на животните ги тужи Бразилците за начинот на кој ја исфрлија мачката од пресот

Друштво за заштита на животни поднесе тужба против фудбалскиот сојуз на Бразил и бараат извинување од нивниот портпарол за начинот на кој постапи со мачката на еден од нивните пресови.

Додека даваа изјави пред новинарите, мачка се качи на масата, а портоаролот ја фати и фрли на земја. Сега Друштвото за заштита на животни поднесе тужба, бара пари и јавно извинување.

Според некои медиуми се бара отштета од милион бразилски реали, односно околу 200.000 долари. Тие бараат и сите вработени во сојузот поминат обука за заштита на животната средина и нега на животните.

По повод овој инцидент се огласија и од Советот на ветеринарската медицина од Сао Паоло кој објави соопштение во кое наведоа дека на видеото нема докази за злоставување на мачката и дека начинот на кој постапил портпаролот е нормален кога станува збор за третирање на мачките.

Од фудбалскиот сојуз на Бразил кратко се огласија и наведоа дека првпат слушаат за тужбата и дека не знаат ништо за неа. За потсетување, Бразилците испаднаа од Светско по натпреварот со Хрватска и изведувањето на пеналите. Многумина се шегуваат дека испаднале заради лошиот третман кон мачките и дека им се случила карма.

Scroll to Top