(Видео) Фудбалер на Реал Мадрид го извадија од игра, па направи хаос на клупата за резерви

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа освоија само бод на гостувањето кај Бетис. Одиграа без голови и сега имаат дури девет бодови помалку од лидерот Барселона. Натпреварот ќе остане запаметен и по однесувањето на фудбалерот Лукас Васкез кој нервозно реагираше откако го извадија од игра.

Тренерот Карло Анчелоти го извади по еден час игра, а Васкез почна да ја шутира клупата за резервни фудбалери и ја фрли јакната која му ја дадоа. Фудбалерот сезонава често влегуваше од клупата за резерви и досега има настапено на 17 наптревари. Вкупно има одиграно преку 400 минути.

Даде два гола и има една асистенција. Договорот му истекува летото наредната година, а веќе се шпекулира дека на крајот на сезоната би можел да побара нов клуб.

За потсетување, иако Реал Мадрид во минатото коло ја намали предноста на Барселона која изгуби од Алмерија, но Каталонците тоа го поправија викендов. Барселона ја победи Валенсија со 1:0.

Играчите на Реал Мадрид во второто полувреме се обидоа да дојдат до победа, а како времето минуваше се гледаше нервозата кај некои од фудбалерите во кралксиот клуб. Еден од нив беше и Васкез кој реагираше откако беше изваден од игра.

Scroll to Top