(Видео) Гајле ми е ако добијам корона, сакам да се забавувам, совеста кај младите во Мајами на ниско ниво

И покрај пандемијата на коронавирус, голем број на млади во Мајами пролетниот распуст го минуваат на отворено. Тие ги посетуваат баровите и плажите, се дружат и одат на журки и не се загрижени премногу од сериозната ситуацијата со која се соочува целото општество и светот воопшто.

Не се загрижени за своето здравје, а некои сметаат дека целата приказна е претерана и напумпана од светските медиуми и власти. Нивните впечатоци ги пренесе „ЦБЦ њуз“, кој направи прилог од Мајами.

„Ако добијам корона, ќе добијам корона. На крајот на светот, нема да дозволам тоа да ме спречи да се забавувам. Знаете ние го чекавме пролетниот распуст во Мајами веќе некое време, околу два месеци. Овој пат сме планирале два или три месеци. Сега сме тука и се забавуваме. Што и да се случи, ќе се случи“, вели Брејди Слудер.

„Ова навистина ми го расипува пролетниот распуст. Што има тука друго да се прави освен да се посетат баровите и да се иде на плажа, а оние сега тоа го забрануваат. Мислам дека сето ова пресериозно го имаат сватено и дека целата ситуација е премногу напумпана“, вели Бријана Ледер.

„Ова што го прават е лошо, ние ги сакаме нашите пари назад. Овој вирус не е ништо сериозно. Постојат многу сериозни работи како што е гладта и сиромаштијата и ние мораме со тоа да се занимаваме“, вели Атлантис Волкер.

„Да, ние сите ова долго го планиравме. Се мислевме дали да одиме. Сега сме овде и штотуку наполнив 21 година, па тука дојдов да се забавувам. Целата ситуација е разочарувачка, но се обидуваме да го извлечеме најдоброто од оваа ситуација. Запознавме неколку луѓе во нашето сместување, па се дружиме со нив и се обидуваме да пиеме пред да се затворат баровите“, вели Шелби Кордел.

Scroll to Top