(Видео) Гола жена истрча на црвениот тепих во Кан, во знак на протест поради силувањата на жените во Украина

Гола жена истрчала на црвениот тепих во Кан во знак на протест поради силувањето во Украина. Нејзиното тело беше ишарено со црвена боја испраќајки порака до руските војници кои ги обвини за инвазијата врз Украина.

„Престанете да не силувате“, беше напишано на нејзиното тело со боите на украинското знаме.

За потсетување, организаторите на фестивалот решија да ги ускратат акредитациите на сите руски филмаџии, но и на новинарите кои на кој било начин се поврзани со руската влада.

Рускиот режисер Кирил Серебреников, кој е противникот на војната во Украина и е познат по храбрите филмови и поддршката за ЛГБТ заедницата, официјално го отвори фестивалот со филмот „Жената на Чајковски“ во конкуренција за Златната палма и рече не на војната.

Scroll to Top