(Видео) Голман изгуби свест на терен по жесток удар во глава

Голманот на холандски Валвик синоќа загуби свест по жесток удар во главата.

Натпреварот од седмото коло во првенството на Холандија меѓу Валвик и Ајакс беше прекинат во 85. минута откако Брајан Броби од Ајакс ненамерно го удри во главата голманот Етен Васен.

Лекарите се упатија кон Весен, кој лежеше без свест на тревникот и го оживуваа на терен.

Потоа беше пренесен во болница од каде соопштија дека голманот е свесен и во стабилна состојба.

Scroll to Top