(Видео) Кошаркар го нокаутираше судијата и заработи доживотна суспензија

Кошаркарскиот сојуз на Албанија доживотно го суспендираше играчот на КК Тирана, Браун Делиу, за напад над судијата, пренесуваат албанските медиуми.

Браун незадоволен од судиската одлука, прво вербално, а потоа и физички го нападна главниот арбитар на натпреварот. Браун со два удара во главата го нокаутираше судијата.

Брзо се вмешаа и играчите од двата клуба за да ја смират целата ситуација, но предоцна. Кошаркарите на Тирана, со крајни напори се обидуваа да го смират својот соиграч. Браун по овој потег е доживотно суспендиран.

Scroll to Top