(Видео) Кошаркарите на Орландо и Детроит се тепаа во НБА-лигата

Масовна тепачка се случи меѓу кошаркарите за време на натпреварот меѓу Орландо и Детроит во НБА лигата. Детроит победи со 121:101, но мечот ќе се памети по тепачката пред крајот на првото полувреме.

Тепачката се случи откако Германецот Мо Вагнер го турна Французинот Килиан Хејс со рамо кон играчите на клупата на Детроит. Сега се чека одлуката од раководните луѓе во НБА лигата, а се очекува учесниците да бидат казнети и да заработат суспензии.

Scroll to Top