(Видео) Лекари танцуваа пред болницата, среќни што ги излекувале пациентите од коронавирус

Медицинскиот персонал во една болница во југоисточната кинеска провинција Анхуеј, почнале да играат пред болницата, среќни што ги излекувале пациентите од опасниот коронавирус.

Лекарите кои со денови се бореле против коронавирусот, земаа одмор и одиграа еден дел од балетот „Лебедово езеро“. Од болницата за кратко време беша отпуштени шест пациенти.

Во целата земја излечени се 32.000 пациенти, пренесува South China Morning Post. Нивниот танц допре до милиони корисници на социјалните мрежи.

„Неодоливи се и заслужуваат многу почит. Тие се прави анѓели“, биле некои од коментарите.

Scroll to Top