(Видео) Макрон го сокри саатот од 80.000 евра додека зборува за сиромаштија

Францускиот претседател Емануел Макрон предизвика гнев во јавноста по неговото интервју на француската телевизија каде ја бранеше својата визија за реформите во пензискиот фонд и во кое ги осуди протестите и насилствата кои изминатиот период се случија на улиците во Франција.

За време на интервјуето, многмина го видоа неговиот часовник од 80.000 евра, кој подоцна дискретно го симна и го стави на левата страна за да не се гледа на камерите. Потоа продолжи да зборува. Многумина го критикуваа коментирајќи дека зборува за тоа како се жртвува за францускиот народ а носи саат од 80.000 евра.

Scroll to Top