(Видео) Мел Гибсон ќе навива за Македонецот Александар Волкановски во борбата за титулата во Лас Вегас

Викендов, во Лас Вегас ќе се одржи борбата за титулата во УФЦ 290 меѓу македонскиот борач Александар Волкановски и Хаир Родригез од Мексико. Александар ќе проба да го одбрани појасот, а поддршка од трибините ќе има од холивудскиот глумец Мел Гибсон.

„Добро е да се види како мојот сонародник од Австралија, Александар напредува. Многу го ценам и одличен е во сите аспекти на УФЦ“, рече Мел Гибсон.

Александар рече дека го цени тоа што глумецот се сеќава на него и му е мило што ќе дојде да го бодри на мечот. За потсетување, Александар, во боречкиот свет е познат по прекарот Александар Велики. Роден е во Австралија, но има корени од Македонија.

Scroll to Top