(Видео) Мистериозна топка на плажа во Јапонија ги вознемири жителите

Јапонската полиција го забрани пристапот до плажата во градот Хамаматсу, откако на неа била пронајдена сомнителна топка.

Пристапот до овој простор е забранет бидејќи на брегот била пронајдена сомнителна топка со големина од околу метар и половина. Се верува дека е направена од метал, објавија локалните медиуми.

Мистериозната топка ја открил жител на областа. Тој повикал полиција во 8:45 часот по локално време, пишува Даичи ТВ.

Сообраќајот во оваа делница бил строго забранет. Увид во објектот кој ја вознемири јавноста извршиле специјалци кои пристигнале на местото на настанот.

Фотографиите од топчето биле испратени до Јапонските одбранбени сили и крајбрежната стража. Засега се уште нема дополнителни информации за сомнителната топка.

Scroll to Top