(Видео) На Американец по шест дена му испадна воланот од новиот автомобил на „Тесла“

Сопственик на автомобил Тесла од Њу Џерски, САД се разочарал од искуството со автомобилот откако по само 6 дена додека возел по автопат воланот му испаднал и завршил во неговиот скут.

Сопственикот објавил и видео на социјалната мрежа Твитер, а во објавата го означил и Илон Маск, сопственикот на Тесла и Твитер.

Како што пишува The Drive, истото му се случило на сопственик на Тесла Модел 3 во 2020 година. Автомобилот бил стар само еден месец, а во тој случај причината било недостаток на дел за зашрафување.

Во најновиот случај возачот можел безбедно да излезе и потоа била повикана влечна служба за да го однесе во сервисен центар на Тесла каде што му наплатиле 103,96 долари за поправка. Откако поднел барање, оваа сума била целосно вратена. Сопственикот бил разочаран од перформансите на автомобилот и сакал да го врати со тоа што побарал целосно враќање на парите.

Американскиот производител во 2020 година ја укина можноста за враќање на автомобилите без казна во рок од седум дена. Сервисниот центар го известил сопственикот дека оваа опција не е можна и дека треба да се обрати до одделот за продажба за да се договори.

Scroll to Top