(Видео) Наместо да ѝ ги чува мачките на газдарицата, го фатиле во станот како има секс со љубовницата

Австралијанката Одреј Јангдодека останала шокирана кога дознала дека нејзиниот чувар на мачки, Ахмет Озтурк, е со друга жена во нејизниот стан. Наместо да ѝ ги чува мачките тие имале секс на каучот.

Ахмет во станот доаѓал еднаш дневно околу половина час за да се грижи за мачките, но останувал и по шест часа подолго, пренесува „Мирор“. Двајцата се галат и бакнуваат, а потоа ја легнува на земја. Одреј му пишала да го праша што се случува и ја испратила нејзина пријателка да се увери дека сè е во ред.

Кога дознал дека бил снимен од камерите, Ахмет ја избркал љубовницата и се правдал дека бил понесен од моментот.

„Немав намера да го направам тоа. Многу ми е жал, вакво нешто не сум направил никогаш“, рече Ахмет.

Scroll to Top