(Видео) Навивач излезе на терен и со корнер-знаме го удри голманот

Додека во Катар се игра Светското првенство, низ светот продолжија да се одржуваат натпреварите во вторите лиги. На еден од нив во Турција меѓу Гезтепе и Алтај, беа снимени инциденти во кои настрадаа и неколку деца, пренесуваат тамошните медиуми. Еден од хулиганите излезе на терен и со корнер знаме го удираше голманот.

Натпреварот беше прекинат по само 19 минути игра. Повредени се неколку од домашните навивачи и голманот на Алтај. Нередите почнаа кога гостинските фанови со факели фрлаа по домашните навивачи. Во тој момент некои од навивачите, меѓу кои и деца, се здоби со повреди. Мечот беше прекинат.

Две возила на итната помош дојдоа за да им помогнат на повредените. Во тие моменти еден од хулиганите излезе од трибините на терен и го нападна гостинскиот голман. Со корнер знамето го удри по глава неколку пати. Од повредите Озан Еврим остана да лежи на тревата.

Напаѓачот одма беше совладан и уапсен, а голманот на Алтај откако прими лекарска помош, веднаш беше однесен во болница. Според првите информации, крварел, но бил во свесна состојба. Судијата и играчите во меѓувреме беа однесени во соблекувалните.

Scroll to Top