(Видео) Навивач на Ривер Плата загина при пад од трибина

Мечот од аргентинскиот шампионат помеѓу Ривер Плата и Дефенса и Јустиција беше прекинат по 25 минути откако се случи трагедија, еден навивач падна од највисоката трибина и го загуби животот. Навивачот на Ривер Плата скокнал од една од највисоките трибини на „Монументал“ и се здобил со крварење и тешки телесни повреди, по што лекарските служби многу брзо утврдиле смрт. Судијата Фернандо Рапалини го прекина мечот, а  стадионот „Монументал“ беше затворен на 24 часа додека трае истрагата како се случил трагичниот чин.

Scroll to Top