Долгоочекуваниот филм на студиото „Ворнер брадрс“, Justice League, ќе ја има светската премиера на 17 ноември. Деновиве филмското студио го објави последниот трејлер како најава за тоа што нѐ очекува – суперхероите Бетмен, Супермен, Вондер вуман, Флеш, Аквамен и Сајборг повторно го спасуваат светот.
Во филмот настапуваат Бен Афлек, Гал Гадот, Езра Милер, Џејсон Мамоа, Хенри Кавил и Реј Фишег, Вилијам Дефо, а режисер е Зек Снајдер.