(Видео) Објавени ретки видеоснимки од потонатиот „Титаник“

Објавена е видео снимка која го прикажува потоантиот Титаник на дното на Атлантикот, децении по откривањето на потонатиот брод и повеќе од еден век откако удри во санта мраз. Снимката од Океанографскиот институт Вудс Хол (WHOI) е направена околу 3 километри под површината на океанот, само неколку месеци откако истражувачите го пронашле потонатиот брод во 1985 година.

Од откривањето, неколку документарци за Титаник прикажаа видеа од остатоците од бродот. Беа емитувани пократки исечоци од оригиналните нуркања, но во средата на Јутјуб беше објавено подолго 80-минутно видео со необработени снимки.

 

Титаник, за кој се верувало дека е речиси неуништлив кога бил изграден, бил најголемиот прекуокеански брод во тоа време. Удрил во санта мраз на 14 април 1912 година во Атлантик додека бил на своето прво патување од Саутемптон во Англија до Њујорк. Загинале повеќе од 1500 луѓе и предизвикало бес поради недостатокот од чамци за спасување на бродот.

 

 

Тим од „WHOI“ и Францускиот национален институт за океанографија го пронашол потонатиот брод скршен на два дела, југоисточно од Њуфаундленд, Канада, на 1 септември 1985 година. Во текот на 11 нуркања во јули 1986 година, остатоците од бродот ги снимиле камери на подводно пловило во кое се наоѓале луѓе и мало далечински управувано пловило кое маневрирало низ тесните простори.

Scroll to Top