(Видео) Од срцев удар на терен почина ракометар од Јордан

Ракометар од репрезентацијата на Јордан, Адел Бакр, почина, откако доби срцев удар за време на натпревар. Тој доживеал срцев удар на мечот од Купот на Јордан, меѓу неговиот тим Кафрања и Ал Салт.

Ракометната федерација на Јордан објави информација дека медицинските екипи веднаш интервенирале по натпреварот, а веднаш потоа Бакр бил пренесен во болница, каде  што починал.

Федерацијата на Јордан веднаш ги одложи останатите мечеви од Купот, а на социјалните медиуми се појави видео од моментот кога Бакр доживеа срцев удар.

Scroll to Top