Организаторот на доделувањето на „Златната топка“ за момент сакаше да ја избрка жена му на Лионел Меси, Антонела, додека се фотографираа со децата, но фудбалерот не го дозволи тоа.
Тој ѝ рече да се врати и заедно позираа пред големиот број репортери. Меси на изборот на France Football дојде со сопругата и тројцата синови. Антонела дојде во златен фустан, а синовите носеа исти костими како и Меси.
„Видете ја Антонела. Таа не се облекла како некој што ќе заврши на второто место. Таа дојде тука за да победи“, коментираа фановите на „Твитер.
За потсетување, Меси и Антонела се запознале кога имале само 5 години. Според некои извори, нивната врска ја почнале уште во средното учлиште, а наводно Меси уште кога имал 9 години, сакал таа да му биде жена.
Le piden a Antonella que se quite para sacarle foto solo a Leo y él le dice que se quede. Golazo de Messi.🐐🤭pic.twitter.com/0fzaPQ6Rvl
— EL JAISENBERG🎅🏻🎄 (@ElJaisenberg_) November 30, 2021