Падна од 19 кат и преживеа: Продолжи да пее ВИДЕО на пат кон болница
Русин преживеал пад од 19 кат од зграда откако слетал на паркиран автомобил. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како спасувачи во градот Воронеж му помагаат на мажот, кој е во пијана состојба. Некои извештаи тврдат дека мажот можеби скокнал.
Локалните медиуми јавија дека мажот има 41 година. Според очевидци, тој бил виден како неразбирливо вика од балкон на стан од 19 кат, пред да падне и да слета на паркиран Nissan X-Trail, пишува Раша тудеј.
Не се знае дали бил станар на станбениот комплекс каде се случил инцидентот.
На видеото се гледа како мажот со помош на медицински лица оди до амбулантно возило. Според извори од Итната помош, тој бил во тешка состојба и бил пренесен во болница со повреди на главата и кичмата.
Некои извештаи тврдат дека тој бил свесен кога се возел во амбулантното возило и пеел на пат до болница.