(Видео) Пилот се обидува да го слета авионот додека силниот ветер го турка нагоре

Камерата на аеродром во Бирмингем го снимила авионот на авиокомпанијата „Ер Лингус“ како слетува додека во исто време на пистата дува ветер со јачина од 80 километри на час.

Обилниот дожд дополнително му создаде проблеми на пилотот и му ја намали видливоста. Како авионот се приближуваше до пистата, ветерот силно го туркаше назад во воздух. Пилотот на крај успеа да слета.

Медиумите во Британија пренесоа дека властите се подготвуваат за нови временски неприлики и дадоа жолто предупредување за силен ветер и снег во Бирмингем. Оттаму велат дека веројатно ќе се случат и прекини во електричната енергија и доцнења на сообраќајниот и железнички сообраќај.

Од метеоролошките служби предупредија и на силни ветришта со брзина од 65 милји на час во крајбрежните области и ридови.

Жолти предупредувањз за снег и мраз има и низ цела Шкотркса, соопштија од Метеоролошката канцеларија. Во неделата температурите паднаа на минус 8,4 Целзиусови степени во Балтасунд, Шетланд, Шкотска, иако во Нортолт, западен Лондон, имаше максимални 14,6 степени Целзиусови.

Во понеделник имаше издадено повеќе од 60 предупредувања за поплави. Метеоролошката канцеларија соопшти: „Студениот воздух што се движи кон југ низ ОК ќе донесе чести врнежи од снег во северна, западна и источна Шкотска, како и делови од Северна Ирска, како и дожд, лапавица и снег.

„Помеѓу дождовите, делумно стопениот снег веројатно ќе замрзне на нетретираните површини што ќе доведе до ледени дамки“, велат надлежните.

Scroll to Top