Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Мигел Анхел Нието денес работи како полицаец. Нето играше во сите младински тимови на Реал Мадрид. На крајот играше и за првиот тим, сезоната 2006/07 заедно со Роберто Карлос, Роналдо, Дејвид Бекам, Фабио Канаваро, Руд ван Нистелрој, Икер Касиљас, Раул.
Таа сезона дебитираше во Лигата на шампиони и во Ла Лига, но никогаш не беше во прв план на тренерот па кариерата ја продолжи во клубови од втората и третата лига.
Во 2019 реши да стави крај на кариерата и стана полицаец.
„Како фудбалер си ги остварив сите соништа. Играв за клубот на мојот живот, делев соблекувална со големи имиња, дебитирав во Лигата на шампиони. Кога се ближеше крајот на мојата фудбалска кариера, почнав да размислувам што ќе правам во иднина. Секогаш сум имал голема почит и восхит кон полициски службеници, па решив да станам полицаец“, вели Нието.