Тамара Стојковска ја објави нејзината најнова песна „Не е до мене“, з акоја сними и спот. Инаку Тамара е самостоен уметник, која веќе има пет песни.
„Пораката што ја носи песната ја реализиравме со видео спот во кој има 17 учесници и е сниман на повеќе локации. Идејата беше да ја доловиме таа позитивна енергија и чувство на слобода кога ќе завршиш токсични другарства, врска со партнер, и навики и сфаќаш дека не си бил/а причината што нешто не функционира. Сме биле сите таму, нели?“, вели Тамара за Репортер.
Музика и аранжманот се на Коста Хаџикојчев, текстот е на Тамара и Коста Хаџикојчев. Во видеото учествуваат: Вера Тошева, Коста Стеваноски, Анастасија Трајковска, Марија Пуплиевска, Александар Вајдевски, Никола Стојановски, Јоана Карадаковска, Стефанија Стојчевска, Кети Стојковска, Огнен Димовски “Box Beater”, Билјана Стојановска, Владко Симоновски, Кирку Сотировски, Деспина Захариевска, Кристијан Танчевски, Јана Матеска.