(Видео) Пронајдени се остатоци од брод по кој се трагало 129 години

Товарен брод долг 60 метри кој потонал во 1894 година во областа на езерото Хурон наречена „Алеја на потонатиот брод“ по судир со друг брод бил откриен во водите на денешниот резерват Тандер Беј, објави Националната океанска и атмосферска асоцијација на САД.

Ајронтон имал седумчлен екипаж. Само двајца ја преживеале катастрофата прилепувајќи се за пловечките остатоци од бродот во ледените води на Хурон, а преостанатите пет морнари, меѓу кои и капетанот, загинале, иако успеале да се качат на чамец за спасување. Во настанатиот хаос, екипажот не успеал да го откачи од бродот.

Новите фотографии од дното на езерото, покажуваат дека чамецот за спасување сè уште е закотвен на бродот – повеќе од еден век подоцна.

На 26 септември 1894 година, бродот Ајронтон пловел по Хјурон врзан за теретен брод што го влечел, а потоа било одлучено да се прекине врската помеѓу двата брода за да се избегне потенцијален судир откако моторот на теретен брод откажал.

Додека морнарите на немирните води на Хјурон, едно од големите езера меѓу САД и Канада, се обидувале да го вклучат помошниот погон, Ајронтон се нашол на патот на друг брод по име Охајо, кој превезувал 1.000 тони жито.

Бродовите се разделиле по судирот, но и двата биле фатално оштетени и потонале. Преоптоварен со товар, бродот Охајо потонал многу брзо, но сите 16 членови од екипажот успеале да влезат во чамци за спасување и да најдат сигурност на другите бродови кои дошле на помош.

Ајронтон, се оддалечил од видното поле на бродовите што пристигнувале и потонал, земајќи со себе петмина од својот екипаж.

Потонатиот брод Охајо беше откриен во 2017 година, а потонатиот брод Ајронтон дури сега.

Scroll to Top