(Видео) Роналдињо на „Камп ноу“ прегрна бивши тренер на Барселона во инвалидска количка

Еден од најдобрите бразилски и светски фудбалери, Роналдињо синоќа на Камп Ноу го гледаше натпреварoт меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед. На трибините го виде поранешниот тренер Хуан Карлос Унзуе во ивалидска количка и го прегрна.

Унзуе се повлече на крајот на 2019 година од фудбалот кога објави дека е тешко болен. Рече дека боледува од амиотрофична латерална склероза за која е познато дека нема лек. Докторите му дадоа само четири години живот, а за жал неговата состојба од ден во ден се влошува.

Рече дека ја користи секоја можност да дојде на Камп Нои и ги гледа натпреварите на Барселона. На времето му беше прв помошник на Луис Енрике, а потоа ги водеше екипите на Селта и Џирона. Како фудбалер играше за Барселона и Осасуна каде ја заврши кариерата.

За потсетување Барселона и Манчестер во осминафиналето во Лига Европа одиграа 2:2.

 

 

 

 

Scroll to Top