(Видео) Шекил О’Нил со Лука Дончиќ пуштаа музика на Крк

Легендарниот кошаркар Шекил Онил заедно со словенечките кошаркари Лука Дончиќ и Горан Драгиќ пуштаа музика на хрватскиот остров Крк.

О’Нил во слободно време кога не работи како аналитичар на НБА натпреварите на „ТНТ“, пушта музика. Познат е и под прекарот „Ди Џеј Дизел“. Синоќа направи вистинска журка на Крк.

Тој минатата недела направи спектакл во новоотворениот клуб Diamond на Крк. Специјални гости на журката му беа словенечките кошаркари кои му се придружија на бината и изведуваа слободни фрлања.

Scroll to Top