(Видео) Синот на Андреа Пирло нападнат пред ресторан во Торино

Синот на бившиот тренер на Јувентс, Андреа Пирло, Николо, е нападнат пред ресторан во Торино. Група мажи го нападнале додека бил со негов пријател. Двајцата се заклучиле во автомобилот, додека четворица мажи со камења се обиделе да ги скршат стаклата и ги извадат за да се пресметаат.

„Со мојот пријател бевме во автомобилот кога не нападнаа. Другарот го удрија неколку пати затоа што прозорот од автомобилот беше спуштен, а потоа се заклучивме и не сакавме да излеземе. Фрлаа со камења и по прозорите. За среќа не влегоа и завршивме без повреди“, рече Николо.

Двајцата го снимиле целиот инцидент со мобилен и случајот го пријавиле во полиција. Рекоа дека напаѓачите почнале да бегаат кога виделе дека ги снимаат. Полицијата се сомнева дека сакале да ги ограбат Николо и неговиот пријател и да им го украдат автомобилот.

Ова не првпат Николо да биде нападнат во Торино. Често беше на мета на навивачите додека татко му беше тренер на Јувентус и кога клубот немаше добри резултати.

„Ти и татко ти ќе умрете“, била една од пораките која Никола ја добил додека Пирло го водеше Јувенутс.

За потсетување, Николо во моментов со семејството живее во Торино, додека татко му е тренер на Карагумрук, клуб во Турција. Таму првенството е во прекин заради силните земјотреси кои ја погодија земјата.

 

 

Scroll to Top