(Видео) Снимен е филм „Тетрис“ за најпопуларната игра од 80-тите

Видеоигра од 80-тите „Тетрис“ доби свој филм во кој ќе биде прикажана приказната за нејзиното настанување и популаризација помеѓу луѓето.

За таа цел е снимен филм чиј трејлер излезе пред неколку дена и досега има речиси 5 милиони прегледи. Станува збор за филм базиран на вистински настани и зборува за тоа како настанала играта.

Филмот ја раскажува приказната за тоа како оваа светски позната видеоигра го пронашла патот до страсните играчи ширум светот. Хенк Роџерс (Тарон Егертон) ја открива „Тетрис“ во 1988 година, а потоа заминува во Советскиот сојуз, каде ги здружува силите со изумителот Алексеј Пажитнов (Никита Ефремов), за да им ја овозможат играта на луѓето.

„Американски и руски компјутерџии склопуваат неверојатно пријателство додека се обидуваат да го избегнат КГБ -Комитетот за државна безбедност на Русија и да ја прокриумчарат најпознатата видеоигра на светот од Советскиот сојуз“, гласи описот на филмот.

„Тетрис“ ќе ја има својата премиера на 31 март на платформата „Епл ТВ+“.

Scroll to Top