(Видео) Со рап-песна навивачите ќе ги бодрат српските фудбалери на Светското

„Шампион на светот“ е името на спортската химна со која Србите ќе патуваат на Светско во Катар. Групата „Прти Би Ги“ со Микри Маус и Еурфрат им ја посветија на фудбалерите со порака да станат светски шампиони. До почетокот на Мундијалот останаа повеќе од две недели.

„Целиот живот во сон не прогонуваат некакви пречки. Осветли ни го образот Стојковиќ. Време е“, му порачаа Микри и Еурфрат на српскиот селектор Драган Стојковиќ-Пикси.

И двајцата се сеќаваат на натпреварот во Лисабон кога Србија обезбеди учество на Мундијалот, а ја испрати Португалија во баражот. За потсетување, првиот натпревар Србија ќе го игра на 24 ноември против Бразил.

Scroll to Top