(Видео) Тенисерка со рекет удри дете на „Ролан Гарос“

Романската тенисерка, Ирина Камелија-Бегу, несакајќи со рекет удри дете на мечот на „Ролан Гарос“. Инцидентот се случи во третиот сет во дуелот против Екатерина Александрова.

Ирина се разочара од загубениот сервис и во афект го фрли рекетот на терен, па го удри детето кое седеше во првите редови на трибините. Мечот мораше да биде прекинат некое време, а Ирина му се извини на детето кое плачеше и се обиде да го смири.

Ирина доби официјално предупредување поради инцидентот. За потсетување, таа ја победи Екатерина со 2:1 во сетови.

Scroll to Top