(Видео) Тепачка за ќебапи на попуст во Лидл во Србија

Љубителите на ќебапи направија хаос во неколку продавници на Лидл во Србија, борејќи се да добијат пакување по ниска цена. На социјалните мрежи се појавија видеа од продавниците на Лидл на кои се гледа толпа луѓе околу фрижидер со ќебапи чија цена само денеска е намалена.

Во Крагуевац луѓето се грабале едни преку други и ваделе кутии со ќебапи, а во Шабац било уште полошо. Таму се туркале и се држеле за раце за да не се доближат до фрижидерот.

Авторот на видеото кое се појави на Инстаграм вели дека околу фрижидерот поставени биле и чувари, за да не дојде до инцидент.

Лидл на своите клиенти им понуди еднодневна промоција, намалувајќи ја цената на ќебапите за 50 отсто, додека купувањето е ограничено на само три пакувања.

Scroll to Top