„Јасно е дека се работи за нелегална трговија со животни. Некој го имал, не можел да се грижи за него бидејќи е парализирано и мислел да го остави надвор од Атинскиот зоолошки парк. Од вработените во комуналното претпријатие бевме известени дека виделе животно. Таа е мало женско тигарче. Сме наоѓале домашни животни оставени пред паркот. Но тигар?“, изјавил директорот на зоолошката Жак Лезуер во разговор за грчката телевизија „Алфа“.
Тој додал дека најголемата нелегална трговија во светот е трговијата со диви животни.
Од своја страна, претседателката на Панхеленската филантропска федерација, Ирини Молфеси изјавила дека животното на чуден начин им поминало под носот на контролните органи, додавајќи дека има богати луѓе кои сакаат да имаат диви животни во нивните куќи.