(Видео) Том Хенкс призна дека Безос му понудил лет во вселената, но тој го одбил

Актерот Том Хенкс во емисијата на Џими Кимел откри дека милијардерот Џеф Безос му понудил лет во вселената, но дека тој го одбил поради високата цена.

„Ми понуди лет под услов да го платам. Билетот чинеше 28 милиони долари или нешто слично. Добро ми оди, Џими, добро ми оди. Но, јас не плаќам 28 милиони долари“, рече Том Хенкс.

Тој објасни дека не морал да потроши толку пари за летање во вселената и дека тоа можел да го симулира од дома седејќи на својата фотелја.

„Тоа е лет што трае 12-ина минути. Сите би можеле да го направиме тоа во нашите фотелји овде“, рече Хенкс, кој дополни дека доколку е бесплатен летот, би можел повремено да отиде во вселената, само за да го искуси тоа чувство.

Иако ја одбил поканата на Безос, се смета дека тој е меѓу познатите личности што резервирале билети во вредност до 250.000 долари за да бидат на првите тури со вселенски туристи со комерцијалното вселенско летало на Ричард Бренсон, „Вирџин галактик“.

Scroll to Top