(Видео) Тони Андреев препеја песна од Саша Ковачевиќ

By

Младиот пејач Тони Андреев ја препеја песната „Моја малена“ од Саша Ковачевиќ. „Имав можност да ги слушнам новите песни уште додека беа во демо-верзија и можам да кажам дека од сите  најмногу ми се допадна ‘Моја малена’. Ја слушам по 100 пати во денот, па затоа и на неа снимив кавер-верзија. Цело слободно време го користам за да работам на нови проекти и драго ми е што мојата публика знае тоа да го цени“, ни кажа Андреев.

Спотот го сними Алек Тасевски, а во видеото, покрај Тони Андреев, се појавува и гитаристот Тошо Јуца.

Ќе ви се допадне