(Видео) Трагичен крај за само 40 секунди: Како се случи првата смрт во вселената?

By

Советските космонаути Георѓи Добровољски, Владислав Волков и Виктор Пацајев тргнале на долго патување во вселената во 1971 година и стигнале на првата човечка вселенска станица “Салут 1”.  Тие биле првите луѓе кои пристигнале на вселенската станица  . Поминале 22 дена во Вселената и со тоа поставија рекорд за најдолго човечко живеење таму. На пат кон дома тргнале на 20 јуни и нивната капсула успешно слетала во Казахстан. Но кога Советските техничари ја отвориле вратата на капсулата нашле мртовци. Телото на Добровољски се уште не било изладено, но сите тројца имале модринки на лицето и траги од крв околу носот и ушите.

Па од тука се поставило прашањето што се случило и зошто тројцата пилоти слетале мртви?

Тие биле фокусирани кон изградба на Вселенски станици во Земјината орбита кои би биле отскочна даска за долгорочен престој на луѓе во Вселената. Владимир Челомеј ја предводел советската вселенска индустрија и тој ја поставил визијата за вселенски станици и воени станици во близина на Земјината орбита. Сепак, неговиот сон наскоро ја најдминал и негова амбицииозна визија. Вселенските станици набрзо станале место каде се вршеле бројни експерименти за цивилна употреба, а воената употреба останала во втор план.

 

Црната кутија ја открила трагичната судбина

Салут 1, првата цивилна вселенска станица, дала мало навестување како ќе се одвива престојот во Вселената. Лансирањето било планирано за 12ти април 1971 година, кога било и 10 годишнината од летот на Јуриј Гагарин. Поради технички проблеми, Салут ја напушти Земјата една недела подоцна.

Откако Добровољски, Волков и Пацајев поминале 22 дена во Вселената и со тоа го поставиле рекордот за најдолгиот човечки престој надвор од атмосферата на Земјата, екипажот тргнал на пат кон дома и на прв поглед се изгледало нормално.

 

Меѓутоа откако биле пронајдени мртви, астронаутите од цел свет биле загрижени а една од можните теории кои циркулирала низ јавноста е дека луѓето едоставно не можат да живеат толку долго време во Вселената и дека количината на зрачење е смртоносно.

Истрагата открила дека еден вентил бил отворен и дошло до моментална декомпресија во просторот. Бидејќи во тоа време немало заштитна облека, вакумот ги убил сите тројца космонаути за само неколку секунди.

Црната кутија забележала дека биле потребни само 40 секунди до настапување на смртта на астронаутите.

Ќе ви се допадне

AnimeBee: Cosmos Trailer anime episode Full online free at https://animebee.to watch anime free

ANIMEFLIX: Dragon Ball: Super Saiya-jin Zetsumetsu Keikaku anime episode Full online free at https://animeflix.nl animeflix haikyuu to the top

GoGoAnime: Lupin III: Sweet Lost Night - Mahou no Lamp wa Akumu no Yokan anime episode Full online free at https://gogoanime.be gogoanime one punch man

4Anime: Hiwou War Chronicles (Dub) anime episode 26 online free at https://4anime.biz watch anime dub

Scholar google: https://scholar.google.com/citations?hl=vi&authuser=5&user=WCYq8iwAAAAJ

Emoneyspace: https://www.emoneyspace.com/gogoanimebe