Лажниот трејлер за филмот „Пријатели“ кој неодамна беше објавен на Јутјуб, повторно ја разбуди надежта кај публиката дека повторно ќе можат да ги гледаат на малите екрани Моника, Рос, Чендлер, Рејчел, Фиби и Џои.
Последната епизода од хумористичната серија, беше емитувана во далечната 2004 година, а оттогаш обожавателите се надеваа на повторен собир на шесте пријатели.
Во „трејлерот“, кој го најавува новиот филм во кој пријателите после многу година повторно се зближуваат, се открива дека Чендлер и Моника се пред развод, а децата на Рос, Бен и Ема, веќе одат на училиште.
Сепак, се работи за неофицијален трејлер, кој е објавен на јутјуб-каналот „Смешер“, кој често право уверливи, но лажни најави за филмови.