(Видео) Уникатни подароци за девојката која Бил Гејтс ја извлече за „сикрет санта“

Корисничка на социјалната мрежа „Редит“ се изненадила кога дознала дека нејзин „сикрет санта“, односно таен Дедо Мраз, е милијардерот Бил Гејтс. На подарок од Гејтс добила уникатна копија од книгата „Големиот Гетсби“, книга со факти за серијата „Твин Пикс“ и режисерот Девид Линч, уникатна јакна поврзана со телевизиската серија, лего од „Војна на ѕвездите“ и „Хари Потер“. Таа добила на подарок и интересен избор на слатки, свеќа, голем број книги, но и играчки за нејзината мачка. Пакетот со подароци тежел над 36 килограми.

Девојката своето искуство го раскажа во видео што го објави на ЈуТјуб и ги покажа подароците што ги добила од Гејтс.

Сепак, девојката најмногу се израдувала за донацијата што Гејтс ја направил за здружението American Heart Association, кое се занимава со кардиоваскуларни истражувања. Донацијата е во чест на нејзината мајка која починала во март годинава.

„Тоа ми значеше повеќе отколку што можам да опишам со зборови“, рече девојката и додаде дека годинава и е тешка поради смртта на нејзината мајка.

Гејтс секоја година учествува во дарувањето „сикрет санта“ што го организираат корисниците на „Редит“.

Scroll to Top