(Видео) Верижен судир во Кина, во кој учестуваа 200 автомобили

Во Кина се случи верижен судар во кој учествуваа 200 автомобили, пренесоа светските медиуми. Во несреќата едно лице го загуби животот. Сообраќајката се случила во кинескиот град Женгжу, извести државната телевизија CCTV, а се случила поради големата магла и слабата видливост на патот.

Од фотографиите кои се направени од воздух може да се види целиот хаос. Во несреќата учествувале автомобили, комбиња и камиони.

„Во средата наутро, на мостот Жолта река во Женгжу се спушти голема магла, што предизвика сообраќајна несреќа во која учествуваа повеќе возила“, соопштија властите, додавајќи дека едно лице загинало.

Многу од повредените останале заробени во автомобилите, а противпожарната служба испратила 11 противпожарни возила и 66 пожарникари, јавува Channel News Asia.

„Ова е страшно. Тука има многу луѓе. Мислам дека нема да можеме да се симнеме од мостот“, рече еден од учесниците во несреќата.

Видливоста во голем број области била помала од 500 метри во средата утрото. Понекогаш таа стигнува и до само 200 метри, соопштија од метеоролошката служба. За потсетување, сообраќајките се вообичаени во Кина поради недостатокот на строги безбедносни контроли.

Во септември, 27 патници загинаа откако автобус што ги превезуваше во карантин поради СОВИД-19 се преврте на автопат.

Scroll to Top