(Видео) Влеговме преку прозорец да си играме криенка: спасувачи преку детска игра спасија девојче под урнатините во Турција

Спасувачките тимови во Турција спасија осумгодишно девојче заробено под урнатините во нејзиниот дом. Пред да ја извлечат ја смируваа дека играат криенка.

„Како влеговте во куќата?“, ги праша малата Зубејда, а тие и одговорија дека влегле преку прозор за да си играат криенка.

„Ги видовме прозорците и почувствувавме прекрасен мирис од куќата и помисливме дека Зубејда мора да биде таму. Знаеш дека игравме криенка? Па, сега те најдов“, рече еден од спасувачите.

„Издржи, душо, набргу сè ќе заврши“, рече друг додека ја извлекуваа од урнатините.

За потсетување, спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани во урнатините по разорните земјотреси што ја погодија турско-сириската граница. Бројот на загинати постојано се зголемува и сега се искачи на повеќе од 16.000. Оттаму постојано доаѓаат видеа со чудни стории и спасувања.

Едно од нив е спасувањето на осумгодишното девојче Зубејда, кое беше извлечено од урнатините во турскиот регион Кахраманмарас, три дена по разорниот земјотрес.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те региони најпогодени од земјотресите.

Scroll to Top