(Видео) Земјотресот во Турција преполови село со пукнатина долга 16 километри

Село во Турција е преполовено од пукнатина предизвикана од земјотресот долга 16 километри. Станува збор за село во округот Доганшехир во Малатија, кое во јужниот дел е спуштено два метри, додека куќите кои се наоѓаат северно во селото се целосни.

Во земјотресите кои ги погоди Турција и Сирија има 41.000 загинати, повредени се повеќе од 105.000 луѓе, а над 13.000 се сè уште во болниците.„Ќе продолжиме да работиме сè додека не го најдеме и последниот човек останат под урнатите згради“, кажа Ердоган доцна синоќа, по состанокот на владата одржан во седиштето на Управата за катастрофи и итни случаи (АФАД).

Scroll to Top