(Видео) Жена влезе во Фонтана ди Треви да наполни шише со вода, па заврши во полиција

Видео на кое жена влегува во Фонтана ди Треви во Рим и полни вода во шише, стана хит на социјалните мрежи. Оваа не е првпат туристите да ги  сквернават историските споменици и туристичките атракции во Италија. Истото се случи и пред неколку дена со вандалските инциденти во Колосумот.

Како што може да се види на видеото, неидентификуваната жена целосно ги игнорирала знаците на кои стои дека е забранет влез во фонтаната.

Инцидентот кој се случил во јули, завршил со интервенција на полицијата, а видеото стана јавно во последните 24 часа.

 

Scroll to Top