Во главниот град на Унгарија, Будимпешта се наоѓа еден од најпознатите клубови, Шимпла Керт. Труп Адвајзор го рангираше овој клуб во топ 20 за „Ноќен живот во Будимпешта“.
Клубот се наоѓа на улицата Казинчи, попозната како улицата Култура, која е дом на многу ресторани и други клубови. Клубот нуди добра храна и, пред се, широк избор на пијалоци, особено пиво. Но, она што го прави овој клуб толку уникатен е фактот што се наоѓа во стара фабрика.
Впечатоците за ова место се поделини. Едни велат дека на ѕидовите има само ѓубре, додека други ќе речат дека се е средено во совршена хармонија, чиста уметност.
За уредување на клубот користени се скелиња кои висат на таванот, стари саксии, маски на ѕидовите, свеќи и многу други работи за да се уреди внатрешноста на напуштената фабрика. Во еден дел од клубот има дури и стар Трабант во кој може да се седи.
Покрај големиот избор на пијалоци, клубот е познат и по тоа што нуди широк асортиман на тутун за наргиле, кој исто така може се пуши во клубот. Некои ќе речат дека Турците никогаш не ја освоиле Будимпешта, но нивното наргиле го направиле тоа.