В сабота „Ослободуење на Скопје“ со скопски музички бендови

В сабота, на 12 ноември, ќе се одржи музички настан во House of Legends, посветен на празникот 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. Организаторите велат дека ова е прва година по ред да се одржува ваков фестивал со тенденција на стане традиционален. Настанот е во организација на „Две гаражи“ во кои учество ќе земат скопските музички бендови и артисти: Диџеј Жолтиман, Брука, Лоши деца, Флукс, Но Нејм Нејшн и најновата скопска сила Преку ред.

Според нивните очекувања настанот ќе биде посетен и во моментов буди интерес кај андерграунд публиката која е желна да слушне одлични музички имиња.

Фестивалот се очекува да стане традиција и во иднина да продолжи со стари и искусни млади бендови од подрачјето на Град Скопје.

Scroll to Top