Во сандали со чорапи среде зима Шакира се прошета во Рим

Во сандали со чорапи среде зима Шакира се прошета во Рим. Комбинацијата на спортски тренерки и кратка јакна, во друштво на синовите го привлече вниманието на јавноста.

Модната комбинација на пејачката се состои од чанта на Баленсијага и сандали од брендот Ботеа Венета чија цена е околу 900 долари.

Инаку, пред неколку дена се појавија гласини дека Шакира е во врска со инструкторот по сурфање, но таа тоа го демантираше.

„Од почит кон моите деца и ранливото време низ кое минуваат, барам од медиумите да престанат да шпекулираат“, рече таа и демантираше дека има нов дечко.

 

Scroll to Top