Во Струмица беа изрезбани и декорирани над стотина тикви на вториот интернационален гастрономски натпревар. Освен тикви, се резбаа и лубеници, дињи и модри патлиџани.
Снежана Веланова од Неготино го освои златниот медал за својата декорација балкански мозаик. Станува збор за карвинг-техника, што е всушност кулинарска дисциплина која е многу развиена во светот, но не и кај нас. Во земјата има само четири-пет мајстори за карвинг, кои резбаат тикви, лубеници или дињи. За разлика кај нас, карвингот е доста развиен во Србија и Бугарија.